Свет

„Без договор, но со значителен напредок“: Трамп и Путин разговараа за Украина во Алјаска

„Конструктивна средба, во меѓусебно почитувачка атмосфера“, пред и по која лидерите на САД и на Русија два пати се ракуваа

„Сè уште нема договор, не најдовме компромис со Путин, но, денес постигнавме значителен напредок. Ќе ги повикам сојузниците од НАТО и Зеленски по телефон. Најважно е што имаме добри шанси за да постигнеме мир“.

Американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката прес-конференција со овие зборови го опиша двоиполчасовниот разговор со својот руски колега Владимир Путин во Алјаска.

Трамп рече дека тој и Путин успеале да се договорат за „многу точки“ од украинското прашање, но сè уште нема договор за голем број од нив. Сè уште нема договор со Русија за „најважната точка“ од договорите за Украина, но страните имаат „добри шанси“ да постигнат договор, според него.

„Путин би сакал да заврши овој конфликт, како и јас, се надевам дека многу наскоро ќе го видам повторно“, додаде домаќинот на средбата.

„Интересно“, одговори Трамп на предлогот на Путин следниот состанок да се одржи во Москва. „Ви благодарам многу, Владимир“.

Гостинот од своја страна нагласи дека „разговорите се одржаа во конструктивна и меѓусебно почитувачка атмосфера“.

Путин рече дека е логично самитот да се одржи во Алјаска, бидејќи Русија и САД се соседи.

„Добар ден, драг соседу“, рече Путин, поздравувајќи го Трамп токму со овие зборови. „Русија и Алјаска се одделени само од Беринговиот теснец, земјите се блиски соседи. Значаен дел од заедничката историја на нашите земји е поврзан со Алјаска. До ден денес, Алјаска зачувува голем обем на културното наследство на ‘Руска Америка’“.

„Односите меѓу Русија и САД се на најниско ниво од Студената војна, во времето кога немаше директни контакти меѓу лидерите. Се надеваме дека ќе можеме да чекориме ‘од вчера кон утре’ во политичката сфера со САД. Русија и САД имаат многу да си понудат едни на други во различни области, од технологијата до Арктикот“, додаде тој, пред да се осврне на Украина.

„Актуелната ситуација во Украина е трагедија и голема болка за Русија. За да биде украинското решение одржливо, мора да се отстранат причините за кризата. Би сакал да се верувам дека спогодбите постигнати со Трамп ќе го отворат патот за мир во Украина. Се надеваме дека Киев нема да го попречи напредокот што се појавува во решението“, рече Путин, заблагодарувајќи му се на Трамп за доверливиот тон на разговорот.

Двајцата лидери не одговараа на прашања од медиумите, задржувајќи се само на своите изјави.

Најнови вести од: Свет

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Трамп: Путин по грешка испрати „неколку мали ракети“ во Полска

Трамп изјави дека „не може ништо да стори“ во врска со фактот што полскиот премиер Доналд Туск неодамна јавно изрази револт поради пријателскиот однос на американскиот претседател кон рускиот претседател

To top