Свет

Блумберг: САД ќе го казнат Путин ако го отфрли мировниот план

Дополнителни санкции насочени кон понатамошно ограничување на приходите од извоз на енергија на Русија, кои се клучни за финансирање на војната во Украина

 

Се подготовка е нов пакет санкции од САД против рускиот енергетски сектор за да го зголемат притисокот врз Москва во случај рускиот претседател Владимир Путин да отфрли мировен договор со Украина, дознава – повикувајќи се на извори запознаени со плановите – Блумберг,

Според овие извори, Вашингтон разгледува неколку опции, вклучително и санкционирање на бродови од таканаречената руска „флота во сенка“ – нелегални танкери што се користат за транспорт на руска нафта – како и трговци вклучени во овие трансакции. Изворите зборуваа под услов на анонимност бидејќи станува збор за доверливи дискусии.

Некои од соговорниците на Блумберг велат дека новите мерки би можеле да бидат објавени уште оваа недела.

Според Блумберг, американскиот министер за финансии Скот Бесент разговарал за овие планови со група европски амбасадори претходно оваа недела, како дел од координацијата со сојузниците.

Санкциите веројатно би биле насочени кон понатамошно ограничување на приходите од извоз на енергија на Русија, кои се клучни за финансирање на војната во Украина, објави Блумберг.

Мировниот план на САД и Европа, наменет за одвраќање на идните руски напади врз Украина, повикува на зајакнување на украинската војска, распоредување на европски сили во земјата и зголемување на употребата на американските разузнавачки служби.

Безбедносните гаранции имаат за цел да послужат како основа за поширок договор за прекин на огнот, како и да ја убедат Украина да направи територијални отстапки и да се откаже од формалното членство во НАТО, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на претставници запознаени со предлогот.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top