Свет

Борел: САД ги изгубија сите војни по Втората светска надвор од ОН

Бившиот шеф на дипломатијата на ЕУ смета дека нападите врз Иран можат да запрат првенствено поради економските проблеми во САД

Поранешниот шеф на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека САД ги загубиле сите војни по Втората светска војна, освен оние што се воделе под знамето на Обединетите нации.

Според него, сегашната воена операција на САД и на Израел против Иран може да се запре првенствено поради внатрешните економски проблеми на САД.

Борел истакна дека конфликтот го зголемува притисокот врз американската економија – преку инфлација, каматни стапки и енергетска криза.

„САД ги загубија сите војни по Втората светска војна, освен оние што се воделе под знамето на ОН. Она што го прават САД и Израел е создавање глобална енергетска криза“, нагласи тој.

Борел, исто така, ја критикуваше моменталната реакција на Европа на кризата, нарекувајќи ја „европска какофонија“.

Според него, дел од проблемот е што Европската комисија дава изјави за прашања од надворешната и одбранбената политика кои формално не спаѓаат во нејзина надлежност.

Тој потсети дека во согласност со европските договори, оваа област ја надгледува Европскиот совет под претседателство на Антонио Кошта, а не шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top