Свет

Бугарин решил да се пресели во Владивосток, Русија

Георги Илиев, роден во 1972 година, вели дека главната причина за неговото преселување, според него, било зголеменото прогонство на рускиот јазик и култура во Бугарија

 

Бугаринот Георги Илиев одлучи да се пресели во Владивосток и веќе поднел документи за привремена дозвола за престој, објавија бугарски медиуми според кои ова ењ прв таков случај.

Преселувањето е овозможено благодарение на декретот на претседателот на Руската Федерација, Вадимир Путин, од 19 август 2024 година бр. 702, насочен кон обезбедување хуманитарна поддршка на луѓето кои ги споделуваат традиционалните руски духовни и морални вредности.

Георги Илиев, роден во 1972 година, вели дека главната причина за неговото преселување, според него, било зголеменото прогонство на рускиот јазик и култура во Бугарија.

По враќањето од Москва, каде што присуствувал на Парадата на победата на 9 мај, бил приведен на аеродромот во Софија и однесен на испрашување од страна на полицијата.

Овој инцидент го натерал да одлучи да се пресели во Русија.

Георги има намера да започне работа во Владивосток – разгледува опции во градежништвото или како возач. Се надева и дека ќе основа семејство.

Прес-службата на Одделот за миграција на Министерството за внатрешни работи на Русија забележува дека ваквите барања до Министерството за надворешни работи стануваат сè почести.

За една година откако стапи на сила декретот, примени се речиси две илјади барања од странци, при што околу 1.300 веќе добиле позитивни решенија.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top