Свет

Четворица американски пилоти загинаа при уривање на воен авион во Ирак

Американската команда не признава дека е во прашање ирански напад

Четири од шесте членови на екипажот загинаа во падот на американскиот авион за полнење гориво KC-135, кој се урна вчера во западен Ирак, соопшти Централната команда на САД.

Спасувачките напори продолжуваат, а несреќата се случила околу 14 часот по источно време.

„Околностите на авионската несреќа се испитуваат. Според достапните информации, можноста авионот да e соборен од непријателски или таканаречен пријателски оган е исклучена“, објави Централната команда на Икс.

 

Претходно Централната команда објави дека е во инцидентот учествувале два авиотанкери.

„Централната команда е свесна за загубата на американски авион за полнење гориво KC-135. Инцидентот се случил во пријателски воздушен простор за време на операцијата „Епски бес“, а спасувачките напори се во тек. Во инцидентот биле вклучени два авиона. Едниот од авионите се урна во западен Ирак, а вториот слета безбедно“, објави Командата.

Идентитетите на загинатите членови на екипажот ќе бидат објавени 24 часа откако нивните семејства ќе бидат известени за нивната смрт, што е стандардна процедура.

 

Со ова бројот на загинати Американци од почетокот на американско-израелската војна со Иран е 11.

Пентагон во неделата потврди дека бројот на загинати американски војници се искачи на 7, откако беше потврдена смртта на уште еден војик, кој беше убиен во ирански напад врз саудиска воена база каде што се стационирани американски војници. Официјалните лица наведуваат дека тој починал од повредите во времето кога воените здравствени службеници го подготвувале неговиот трансфер за понапреден третман во американска воена болница во Германија.

Во саботата, претседателот Доналд Трамп присуствуваше на враќањето на телата на првите шестмина Американци убиени во војната, на свечена и тивка церемонија во воздухопловната база Довер во државата Делавер. Шест резервисти на американската армија беа убиени по иранскиот напад со беспилотни летала врз пристаништето Шуаиба во Кувајт во неделата.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top