Свет

Данска не се откажува од суверенитетот над Гренланд

„ Можеме да преговараме за сè за Гренланд, но не можеме да преговараме за нашиот суверенитет“, рече премиерката на Данска

 

Данска сака да продолжи со „конструктивниот дијалог со своите сојузници“ за безбедноста на Гренланд и Арктикот, но со почитување на нејзиниот „територијален интегритет“, изјави премиерката Мете Фредериксен како одговор на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Можеме да преговараме за сите политички аспекти: безбедност, инвестиции, економија. Но, едно е, не можеме да преговараме за нашиот суверенитет“, рече премиерката во соопштението.
Текстот продолжува под рекламата.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави доцна во средата дека прашањето дали Гренланд ќе остане под Данска не било дискутирано на состанокот со Доналд Трамп, откако американскиот претседател ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Данската премиерка нагласи дека „одржува близок дијалог со НАТО“ и додаде дека редовно разговарала со Руте, „особено пред и по неговата средба со претседателот Трамп во Давос“.

„Кралството Данска сака да продолжи конструктивен дијалог со своите сојузници за начините за зајакнување на безбедноста на Арктикот, вклучително и на американската Златна купола, под услов тоа да се направи со почитување на нашиот територијален интегритет“, повтори таа.

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top