Свет

Девет загинати во руски напад врз украински автобус

Девет лица беа убиени во утринскиот напад на руски дрон врз патнички автобус во градот Билопиљ во североисточна Украина, соопштија локалните власти. Воената администрација на регионот Суми соопшти дека уште четири лица се повредени. Лекари, полиција и други служби за итни случаи моментално се на местото на настанот. Нападот се случи само неколку часа откако […]

Девет лица беа убиени во утринскиот напад на руски дрон врз патнички автобус во градот Билопиљ во североисточна Украина, соопштија локалните власти.

Воената администрација на регионот Суми соопшти дека уште четири лица се повредени. Лекари, полиција и други служби за итни случаи моментално се на местото на настанот.

Нападот се случи само неколку часа откако Русија и Украина ги одржаа своите први директни мировни преговори од 2022 година.

„Како резултат на ударот на непријателски дрон во автобус во близина на Билопиљ, девет лица загинаа, а четворица беа повредени“, се вели во соопштението на регионалната воена администрација. Додадено е дека автобусот се движел кон Суми, регионалниот главен град.

Во видео порака, гувернерот Олех Хрихоров го опиша рускиот напад како „нехуман“. Повикувајќи се на прелиминарни информации, тој изјави дека автобусот бил погоден од руски дрон „Лансет“ утрово во 06:17 часот по локално време.

Украинската полиција објави фотографии од речиси уништено темно сино патничко возило, со откорнат покрив и скршени прозорци.

Двете страни негираат дека со своите напади се насочени кон цивили, иако илјадници веќе се убиени во конфликтот, од кои огромното мнозинство се Украинци.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top