Свет

Џонсон повика веднаш да се распоредат сојузнички трупи во Украина

Според британскиот експремиер, Западот требало да реагира робусно уште при руската анексија на Крим во 2014 година

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во интервју за Би-Би-Си изјави дека европските трупи можат да извршуваат неборбени мисии.

„Ако имаме план за распоредување трупи по војната, откако Кремљ ќе се согласи на прекин на огнот, тогаш зошто да не го направиме тоа сега?“, праша тој.

Џонсон верува дека војната можеше целосно да се избегне доколку Западот реагираше порано на анексијата на Крим во 2014 година и реагираше посилно на руските акции во Сирија. Тој смета дека Русите биле охрабрени од општото чувство за слабеење на Западот.

Експремиерот додаде дека сојузниците дејствувале премногу бавно и претпазливо.

„Ако имавме јасност и едноставност во врска со Украина, наместо бесконечно двоумење и двосмисленост, можевме да го спречиме овој напад“, уверен е Џонсон.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top