Свет

Дмитриев: ЕУ и Лондон сакаат да го саботираат мировниот план на Трамп

Тие го направија тоа и претходно, кога поранешниот британски премиер Борис Џонсон ја повика Украина да ја отфрли неутралноста и да се бори, вели тој

„Воени лица“ од Европската Унија и Обединетото Кралство се обидуваат да ги саботира напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина.

Ова го тврди извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјалниот претседателски претставник за странски инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, пренесуваат медиуми.

„Тие го направија тоа и претходно, кога поранешниот британски премиер Борис Џонсон ја повика Украина да ја отфрли неутралноста и да се бори“, напиша Кирил Дмитриев на социјалната мрежа X.

„Унгарија останува гласот на разумот и мирот во Европа.

Подбубвачите на војна од ЕУ продолжуваат да живеат во рамките на лажниот наратив на поранешниот американски претседател Џо Бајден за бесконечна војна.

Гласовите на разумот и мирот ќе преовладаат со разоткривање на глобалистичката, медиумска машина за перење мозок на лажни наративи и војна“, додаде Дмитриев.

Кирил Дмитриев неколку пати патувал во Соединетите Држави за да ги зајакне односите со претставниците на администрацијата на Трамп, потсетува Ројтерс.

Планот, презентиран на украинскиот претседател Володимир Зеленски во четврток, вклучува значајни отстапки од Украина, вклучително и отстапување на големи територии и ограничување на големината на армијата.

Зеленски во петокот изјави дека планот ја става Украина во опасност да го изгуби своето достоинство и слобода – или поддршката од Вашингтон.

 

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top