Свет

Добра вест за светот: Цената на нафтата Брент падна 97 долари за барел

И покрај постојаната неизвесност, податоците за следење на бродовите укажуваат на постепено ублажување на регионалните нарушувања, при што неколку танкери за течен природен гас поминаа низ Ормускиот теснец на пат кон Пакистан, Кина и Индија.

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 6% поради растот на оптимизмот дека САД и Иран наскоро би можле да постигнат договор за прекин на конфликтот и за отворање на Ормутскиот теснец. Цената на нафтата Брент падна за 6,07% денеска на 97,3 долари за барел, а фјучерсите на суровата нафта WTI паднаа за речиси 6% под 91 долар за барел.

И покрај оптимизмот од најавите за потпишување на договор меѓу САД и Иран, неизвесноста останува висока, при што официјалните лица од двете страни сигнализираат дека клучните прашања сè уште не се решени и продолжуваат да испраќаат мешани пораки за напредокот на преговорите.

Американскиот претседател  Доналд Трамп рече дека „договорот со Иран или ќе биде одличен и значаен, или нема да има договор“, додека портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи истакна дека „е постигнат консензус за многу од дискутираните теми, но никој не може да тврди дека потпишувањето на договор е неизбежно“.

И покрај постојаната неизвесност, податоците за следење на бродовите укажуваат на постепено ублажување на регионалните нарушувања, при што неколку танкери за течен природен гас поминаа низ Ормускиот теснец на пат кон Пакистан, Кина и Индија.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

Кинески функционер осуден на смрт, поради корупција од 1993 до 2023 година кога „заработил“ 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.

Најнови вести

To top