Свет

Доналд Трамп ќе се бори против „длабоката држава“ во САД со високорангирана тајна агенција

„Група од десетици официјални лица од целата федерална влада, вклучувајќи и американски разузнавачки офицери, помагаат во насочувањето на напорите на претседателот Доналд Трамп за одмазда против неговите перцепирани непријатели, според владините записи и извор запознаен со напорите.“ – објави новинската агенција „Ројтерс“.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп формираше нова меѓуагенциска работна група задолжена за истрага на лица кои се сметаат за непријатели на претседателот, објави Ројтерс во својата информација со наслов „Широка група американски функционери ја продолжуваат борбата на Трамп против ‘Длабоката држава“. Групата, наречена Меѓуагенциска работна група за политизација, работи најмалку од мај и вклучува десетици службеници од Белата куќа, ФБИ, ЦИА, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање, како и од одделите за правда, одбрана и внатрешна безбедност.

Веб-страницата на Фокс њуз диџитал ја цитираше директорката на националното разузнавање Тулси Габард, која рече: „Ја формирав оваа работна група за да ја започнам важната работа на меѓуагенциска координација и одговорност под претседателот Трамп“.

Според Фокс, групата се состанува двапати неделно за да „споделува информации, да ги усогласува активностите и да спроведува одлуки“. Еден од службениците, со кои разговараше Ројтерс рече дека целта на групата е да „се бори против длабоката држава“, термин за кој поддржувачите на Трамп веруваат дека се однесува на постојано пристрасна бирократија во рамките на федералната влада.

Цел се луѓе, кои му се налутиле на Трамп. Луѓето, за кои се зборува во работната група, се поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, поранешниот врвен медицински советник Ентони Фаучи, Хантер Бајден, синот на поранешниот претседател Џо Бајден, и воени команданти, кои ги спроведувале наредбите за вакцинирање на американскиот воен персонал против ковид-19.

Изворот додаде дека групата истражува и службени лица вклучени во истрагата за наводното руско мешање во изборите во САД во 2016 година. Ројтерс вели дека идентификувал 40-тина лица, поврзани со работната група. Според изворите, еден од водечките членови е адвокатот на Министерството за правда Ед Мартин.

По втората претседателска инаугурација на 20 јануари, Трамп потпиша извршна наредба, со која му наложи на новиот генерален обвинител да соработува со други федерални агенции „за да идентификува и да исправи минатите неправди поврзани со политизацијата на спроведувањето на законот и разузнавачката заедница“.



Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top