Свет

Две милијарди луѓе на планетава немаат чиста вода за пиење

Водата, санитаријата и хигиената не се привилегии: туку основни човекови права

Повеќе од две милијарди луѓе низ целиот свет сè уште немаат пристап до безбедна вода за пиење, предупредија денес Обединетите нации, нагласувајќи дека напредокот кон пристап до вода се движи многу побавно отколку што треба.

Минатата година, агенциите за здравство и деца на ОН објавија дека една четвртина од светското население нема пристап до безбедно управувана вода за пиење.

Повеќе од 100 милиони луѓе сè уште зависат од вода од површински извори, како што се реките, езерата и каналите.

Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ изјавија дека лошите системи за вода, санитација и хигиена (WASH) ги ставаат милијарди луѓе во поголем ризик од болести.

Во заедничка студија, тие предупредија дека светот е далеку од постигнување на целта за универзално покривање на овие услуги до 2030 година.

Наместо тоа, целта „станува сè понеостварлива“, предупредија тие.

„Водата, санитаријата и хигиената не се привилегии: тие се основни човекови права. Треба да го забрзаме дејствувањето, особено за најмаргинализираните заедници“, рече Рудигер Крех, раководител на одделот за животна средина на СЗО.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top