Свет

Еден загинат и тројца повредени во терористички напад во Солун

Случајот се третира како терористички акт насочен кон членови на владејачката партија

Една жена почина, а три лица се повредени во напад со самоделни експлозивни направи извршен рано изутринава во близина на дома на член на владејачката конзервативна партија „Нова демократија“ во северниот грчки град Солун.

Нападите се случиле во периодот меѓу 4:00 и 4:45 часот, со употреба на груби експлозивни направи изработени од гасни боци за кампување, соопштија властите.

Сите повреди настанале при третата експлозија, од која биле запалени автомобили и мотоцикли пред зградата.

Еден од запалените автомобили припаѓал на Афродити Нестора, кандидатка за пратеник на „Нова демократија“.

Нестора претрпела изгореници, но нејзината мајка подоцна починала во единица за интензивна нега поради тешките изгореници. Двајца други жители на зградата исто така се хоспитализирани, соопшти полицијата.

Властите го истражуваат случајот како терористички акт насочен кон членови на владејачката партија. Засега никој не презел одговорност за нападите.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Најнови вести

To top