Свет

Европејците да пијат помалку за да ѝ помогнат на Украина, предлага премиерот на Летонија

За секој од нас едно пиво годишно е незначителен трошок, а таму е прашање на живот или смрт, изјави Андрис Кулбергс

Жителите на Европската унија треба да пијат помалку пиво заради Украина, смета премиерот на Летонија, Андрис Кулбергс.

„Поддршката за Украина сè уште е прашање на пари. Тоа е едно пиво помалку годишно за еден Европеец. Ние можеме тоа да си го дозволиме. За нас тоа пиво е само трошок, а таму е прашање на живот или смрт. Пиеме помалку и таму се спасуваат животи. Толку е едноставно“, изјави Кулбергс пред самитот на лидерите на Европската унија во Брисел, каде се разговараше за долгорочниот буџет на Унијата и за помошта за Украина.

Тој ги повика европските лидери и граѓани да размислуваат помалку за сопствениот комфор, а повеќе за она што е најдобро за заедничката безбедност на целиот континент пред претстојната тешка зима.

Магазинот „Економист“ пресмета дека и сите 450 милиони жители на ЕУ да донираат по околу 3 евра (колку едно пиво), ќе се соберат околу 1,35 милијарди евра, што покрива само околу 2 отсто од реалните потреби на Украина, па на шега заклучува дека Кулбергс можеби мислел на едно пиво неделно, а не годишно.

 

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top