Свет

Фицо: Украина не смее да ги прескокне земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ

Нема исклучоци и нема кратенки, тоа важи и за Украина, нагласи словачкиот премиер по средбата со Кошта во Братислава

„Украина не треба да напредува кон членство во Европската унија побрзо од земјите од Западен Балкан, кои се подолго во процесот на европските интеграции“, рече словачкиот премиер Роберт Фицо по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Братислава.

Фицо рече дека Словачка го поддржува проширувањето и членството во ЕУ за сите земји кои ги исполнуваат потребните услови, но дека истите правила мора да важат за сите кандидати.

„Нема исклучоци и нема кратенки. Тоа важи и за Украина“, рече Фицо, додавајќи дека Украина не може да оди побрзо од Црна Гора, ниту да ги престигне Албанија или Србија, кои се подготвуваат за членство подолго време, пренесува словачката државна новинска агенција ТАСР.

Тој изјави дека словачката влада е подготвена да ги сподели сите искуства што ги стекнала од сопствениот процес на интеграција, но на Украина не треба да ѝ се даваат исклучоци во овој поглед.

„Словачката влада ќе биде апсолутно строга по ова прашање“, нагласи Фицо.

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

To top