Свет

Физичка пресметка помеѓу пратениците во Парламентот на Турција

При денешното положување заклетва

При денешното положување заклетва на министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за правда Акан Ѓурлек во Меџлисот, пратениците физички се пресметаа.

Инцидентот се случи кога пратениците од најголемата опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП), која не се согласува со именувањето на Ѓурлек, ја зазедоа парламентарната говорница. Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) се обидоа да ги отстранат опозиционерите при што настана тепачка.

По инцидентот пратениците од АКП ја опколија говорницата и новите министри положија заклетва.

ЦХП е против именувањето на Ѓурлек, кој досега ја извршуваше функцијата Главен обвинител на Истанбул. Лидерот на ЦХП, Озгур Озел новиот министер за правда го нарече „маша на Ердоган“ и оти тој ја презема функцијата за да си обезбеди имунитет од кривично гонење.

Претходно во текот на денот, се одржа официјална церемонија на предавање на должноста од претходните на актуелните министри. Чифтчи ја презеде функцијата од Али Јерликаја, а Ѓурлек го замени Јилмаз Тунч.

(МИА)

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top