Свет

Фотографиите на Трамп со Епштајн исчезнаа од веб-страница на американското Министерство за правда

Скандал кој само се зголемува

Најмалку 16 документи, вклучувајќи фотографија од поранешниот претседател Доналд Трамп, исчезнаа од јавната веб-страница на Министерството за правда на САД посветена на документите за Џефри Епштајн, помалку од еден ден откако беа објавени, без никакво објаснување од владата или јавно известување. Овој потег само ја продлабочи интригата околу осудениот сексуален престапник и моќните мажи со кои тој беше поврзан, објави АП њуз .

Датотеките, кои беа достапни во петокот и отстранети до саботата, содржеа слики од голи жени и една фотографија на која се прикажани низа врамени слики на комода и во фиоки. На таа конкретна слика, во една од фиоките, имаше фотографија од Доналд Трамп со Епштајн, Меланија Трамп и долгогодишната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел.

Министерството за правда не објасни зошто датотеките биле отстранети или дали тоа е направено намерно, а портпаролот на министерството не одговори веднаш на барањето за коментар.

Необјаснетото исчезнување на датотеките од интернет предизвика шпекулации за тоа што точно е отстрането и зошто јавноста не е известена. Демократите во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом посочија на исчезнатата фотографија од Трамп во објава на социјалните медиуми X, пишувајќи: „Што друго се крие? Ни треба транспарентност за американската јавност“.

 

Реагираше и портпаролот на Бил Клинтонкој  ја обвини Белата куќа дека го користи поранешниот американски претседател како жртвено јагне откако беа објавени документи и фотографии од истрагата за педофилот Џефри Епштајн, на кои тој се појавува.Портпаролот на Клинтон се осврна на објавените фотографии, на кои е прикажан Бил Клинтон со сексуалните престапници Џефри Епштајн и Гислен Максвел, како и млада жена во базен.

 

„Белата куќа не ги криеше овие досиеја со месеци само за да ги објави доцна во петокот за да го заштити Бил Клинтон. Станува збор за заштита од она што следува или од она што ќе се обидат да го сокријат засекогаш. Значи, тие можат да објават колку што сакаат зрнести фотографии стари над 20 години, но ова не е за Бил Клинтон. Никогаш не било и никогаш нема да биде“, рече тој.

Фотографиите објавени во петокот го покажуваат Клинтон во базен со Максвел и помлада жена, како и во авион со Мајкл Џексон и Дајана Рос, и на вечера со Мик Џегер, Епштајн и други јавни личности.Клинтон долго време тврдеше дека ги прекинал врските со Епштајн околу 2005 година, пред осрамотениот финансиер да се изјасни за виновен за поттикнување малолетни девојчиња во проституција во Флорида.

„Тука има два вида луѓе. Првата група не знаела ништо и го прекинала контактот со Епштајн пред неговите злосторства да излезат на виделина. Втората група ја продолжила својата врска со него и потоа. Ние сме во првата група. Никакво одложување од страна на луѓето во втората група нема да го промени тоа“, истакна тој.

Епштајн ја посетил Белата куќа најмалку 17 пати во текот на првите години од претседателствувањето на Клинтон, според евиденцијата на посетители на Белата куќа.Клинтон подоцна патувал со Епштајн со приватен авион во годините по неговото заминување од функцијата во 2001 година, вклучително и во Азија и Африка. Клинтон никогаш не беше формално обвинет за какво било кривично дело поврзано со Епштајн, но Трамп постојано инсинуираше за врска меѓу Клинтон и Епштајн.

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите наметнати врз руската енергија. Веднаш. Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ“, рече Орбан

Украинскиот производител на ракети „Фламинго“ објави планови за напад врз Москва: Треба да удриме, да лансираме 20-30 ракети!

Денис Штилман, сосопственик на украинската „Фаер Поинт“, компанија за развој на ракети „Фламинго“, објави планови за лансирање до 30 нови балистички ракети кон Москва, во интервју со украинскиот новинар Дмитриј Гордон. Според него, нападите врз руската престолнина се неопходни. „Треба да удриме. Да лансираме 20-30 ракети“, рече Штилман.

Кина: САД и Израел виновни за блокадата на Ормускиот Теснец

Главната причина за нарушувањата на навигацијата во Ормутскиот теснец лежи во илегалните воени операции спроведени од САД и Израел против Иран“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи

Најнови вести

To top