Свет

Франција ќе им суди на Бугари за сквернавење на Споменик на холокаустот

Ова можеби била „акција за дестабилизација на Франција, организирана од руските разузнавачки служби“, велат властите

 

 

Четири мажи со бугарско државјанство ќе бидат судени во Париз оваа есен за осквернавување на Споменикот на холокаустот во француската престолнина во мај 2024 година, објави канцеларијата на француското обвинителство, пренесува бугарски „Сега

Тројца од нив се во притвор откако беа екстрадирани од Хрватска и Бугарија. Четвртиот е во бегство, издадена е потерница и може да биде суден во отсуство.

Истражен судија нареди тројцата осомничени да бидат судени за предизвикување материјална штета врз основа на веројатно омраза поврзана со раса, етничка припадност или религија, како и за учество во организирана криминална група.

Четвртиот, кој е осомничен за помагање во резервирање сместување и транспорт за главните сторители, ќе биде суден какосоучесник, соопшти канцеларијата на обвинителството.

Случајот е поврзан со аферата што стана позната како инцидентот „Црвени раце“.

Во ноќта помеѓу 13 и 14 мај лани, на ѕидот на споменикот беа поставени 35 црвени отпечатоци од раце.

АФП забележува дека симболот може да биде поврзан со линчувањето на израелските војници во Рамала на Западниот Брег во 2000 година.

Осомничените се обвинети и за поставување десетици други слични отпечатоци на ѕидовите во две области на Париз.

Нивниот идентитет е утврден благодарение на анализа на снимки од безбедносните камери, податоци од нивните телефони, хотелски и резервации за летови.

Француските обвинители се сомневаат дека вандализмот може да биде „акција насочена кон дестабилизација на Франција, организирана од руските разузнавачки служби“.

Ова, рече државното обвинителство, се вклопува „во поголема стратегија за ширење лажни информации и за поделба на француското јавно мислење или за разгорување на внатрешните тензии“.

Користи луѓе кои не работат за службите, туку добиваат пари за индивидуални задачи преку посредници, „особено во земјите соседни на Русија“, додадоа обвинителите, објацви „Сега“.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top