Свет

Гренланд бара НАТО да го брани, не сака да биде преземен од САД

Трамп вели дека САД мора да го поседуваат Островот за да спречат Русија или Кина да ја окупираат стратешки лоцираната територија која е и богата со минерали

Владата на Гренланд соопшти дека ќе ги зголеми напорите за да се обезбеди одбраната на арктичката територија да се одвива под покровителство на НАТО и повторно ја отфрли амбицијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе островот.

Трамп вели дека САД мора да го поседуваат Гренланд за да спречат Русија или Кина да ја окупираат стратешки лоцираната територија која е и богата со минерали.

Еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус порача дека американско преземање на Гренланд ќе значи крај на НАТО, но и дека членките на ЕУ се обврзани да си помагаат едни на други во случај на воена агресија.

„Сите членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, имаат заеднички интерес за одбраната на Гренланд. Како дел од данскиот комонвелт, Гренланд е членка на НАТО и затоа одбраната на Гренланд мора да биде под НАТО“, соопшти коалициската влада на островот, додавајќи дека во никој случај не може да прифати преземање на Гренланд од страна на САД.

Трамп првпат ја изнесе идејата за преземање на Гренланд во 2019 година за време на неговиот прв мандат и оваа реторика ја засили откако се врати во Белата куќа пред една година, при што сега не ја исклучува и воената опција.

„Ние сме демократско општество кое носи свои одлуки. А, нашите постапки се засноваат на меѓународното право“, кажа премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен.

Дански и американски претставници ќе се сретнат оваа недела за да разговараат за Гренланд.

Најнови вести од: Свет

Епштајн сакал да ја купи „Титовата вила“ по пожарот во Њујорк, откриваат документи на САД

Според наводи од времето на Студената војна, на врвот на зградата постоела просторија што не можела да се прислушува, а прозорците кон Петтата авенија биле непробојни. Во моментот на продажбата, зградата немала централна климатизација, а гасот бил исклучен по пожарот.

Поранешен кинески министер осуден на доживотен затвор поради корупција – „лапнал“ 19,8 милиони долари

Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг осуден е на доживотен затвор поради корупција, јави Кинеската централна телевизија. Судот во Сјамен, во југоисточната провинција Фуџијан, го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување средства во вредност од повеќе од 137 милиони јуани (19,71 милиони долари) во периодот од 2006 до 2022 година и тргување со […]

Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

Сиљановска-Давкова ќе учествува на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува првпат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики

Трамп: Најновите документи за Епштајн ме ослободуваат од обвинувањата

Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.

To top