Свет

Хакон VIII официјално го презема тронот во Норвешка

Новиот крал на Норвешка ќе положи заклетва за верност кон уставот на земјата во вторник

 

 

Ова го објави претседателот на норвешкиот парламент, Масуд Гарахани, за телевизискиот канал NRK, објави DPA.

Церемонијата ќе се одржи во парламентот, кој се наоѓа во близина на Кралската палата во Осло. Полагањето заклетва е задолжителен дел од инаугурацијата на новиот норвешки монарх.

Хакон VIII го презема тронот по смртта на неговиот татко, Харалд V, кој почина во болница во Осло на 89-годишна возраст.

Почина кралот Харалд Петти

Пред неколку дена, тој беше примен во болницата за лекување на ретка крвна болест.

Заклетвата е закажана за вторник во 13:00 часот по локално време. После тоа, новиот крал ќе одржи краток говор, кој ќе биде емитуван во живо на телевизија.

Според информациите од норвешкиот парламент, во своето обраќање, Хакон VIII ќе ги нагласи ограничувањата на монархиската моќ и улогата на уставот, кој ги регулира овластувањата на шефот на државата.

Норвешка долго време немала традиционално крунисување. Наместо тоа, таткото на Харалд, Олаф Петти, вовел нов вид церемонија во 1958 година. Се очекува дека оваа традиција ќе ја следи и Хакон VIII. Според утврдениот редослед, по церемонијата, новиот монарх треба да направи турнеја низ земјата.

Норвешките медиуми објавуваат непотврдени информации дека првиот говор на Хакон VIII како крал може да се одржи веќе во недела. Кралскиот двор досега само посочи дека новиот монарх ќе се обрати на телевизија до норвешкиот народ „во првите денови“ од неговото владеење.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top