Свет

Хаос на аеродромите и на границите на ЕУ, откако се воведе ЕЕС-системот, пропуштени летови, нервозни патници, кои се онесвестуваат, чекајќи со часови!

Воведувањето на системот за влез/излез (EES) предизвикува чекање со часови, пропуштени летови и нервозни патници низ цела Европа. Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES), кој се спроведува во повеќето земји од ЕУ, предизвика сериозни проблеми на аеродромите и граничните премини низ цела Европа.


Патниците пријавуваат чекање со часови, технички тешкотии и целосен недостаток на информации. Многумина пропуштиле летови како резултат на тоа, а некои морале да платат дополнително за нови билети, сместување и паркинг. Еден патник, Дејв Џајлс, за британски „Гардијан“ раскажа како го пропуштил летот од Копенхаген и покрај тоа што пристигнал рано на аеродромот. Поради долгите редици и бавниот систем, тој го пропуштил летот и морал да плати повеќе од 2.000 фунти за дополнителни трошоци.


Уште подраматично искуство за британскиот медиум опиша бремена жена од Лондон која чекала четири часа на аеродромот во Пиза. „Седев на подот… Речиси се онесвестив“, рече таа, забележувајќи дека немало персонал кој би ја објаснил ситуацијата или би им помогнал на патниците.

Проблемите се особено изразени кај семејствата со деца. Стјуарт Мекленан рече дека со семејството чекал до три и пол часа, опишувајќи го искуството како „кошмар“. Дополнителни тешкотии создаваат неисправни или недостапни киосци за пријавување. Дилан Томас рече дека многу машини биле нефункционални, додека само едно лице рачно проверувало документи.
На некои аеродроми, ситуацијата дополнително ескалираше. Пол Колман тврди дека персоналот користел мобилни телефони за да фотографира патници бидејќи опремата не работела. Постарите патници се соочуваат со посебни проблеми. Еден 75-годишен патник од Велика Британија рече дека чекал со часови без седиште или пристап до тоалет, нагласувајќи дека целиот процес бил „целосен хаос“.

Иако Системот за влез/излез (EES) има за цел да ја подобри безбедноста и контролата на влезот во Европската Унија, неговите рани денови на имплементација покажаа сериозни оперативни предизвици. 
Најголемиот проблем за патниците останува неизвесноста – бидејќи, како што велат многумина, тие никогаш не знаат колку долго ќе треба да чекаат или што ги чека на границата.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

Кинески функционер осуден на смрт, поради корупција од 1993 до 2023 година кога „заработил“ 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.

To top