Свет

Иран: Ако САД пак нè нападнат, ќе збогатиме ураниум за атомска бомба

За нуклеарните централи обично е потребен ураниум збогатен до 3 до 5%, додека нивото од 90% е потребно за производство на нуклеарно оружје

 

Иранскиот парламент ќе разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90% во случај на нов напад од САД, изјави пратеникот Ебрахим Резаи.

Резаи, портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика, напиша дека ова е една од клучните опции што ќе се дискутираат во Техеран. „Една од опциите на Иран во случај на уште еден напад би можела да биде збогатување до 90%. Ќе го анализираме ова во парламентот“, рече Резаи.

Нуклеарните централи обично бараат ураниум збогатен до 3 до 5%, додека нивото од 90% е потребно за производство на нуклеарно оружје.

Оваа закана доаѓа откако американските медиуми објавија дека Доналд Трамп размислува за нови напади врз Иран за да ја ослабне неговата преговарачка позиција.

Претходно, Трамп ја оправда војната тврдејќи дека на Иран никогаш не треба да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.

Си-Ен-Ен: Трамп ги губи нервите, враќањето во војна е сè поверојатно

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

To top