Свет

Иран погуби уште седуммина

Иранските власти погубиле повеќе од 1.000 луѓе во 2025 година

 

Иран погуби седум мажи осудени за убиство на безбедносни службеници и еден свештеник пред неколку години, објави Ројтерс.

Шестмина од мажите беа арапски сепаратисти обвинети за извршување вооружени напади и бомбашки напади во Хорамшахр, во југозападната покраина Хузестан, во кои беа убиени четворица безбедносни службеници. Седмиот обвинет, Саман Мохамади Хијар, Курд, беше осуден за убиството во 2009 година на Мамуста Шеик ал-Ислам, провладин сунитски свештеник во курдскиот град Санандаџ.

Мажите имале врски со Израел.

Според невладината организација Амнести Интернешнл, иранските власти погубиле повеќе од 1.000 луѓе во 2025 година, што е најголем годишен број регистриран во последните 15 години.

Најнови вести од: Свет

Пресврт во САД и проблеми за Трамп: Демократските кандидати водат во шест од седум клучни држави, дури и во традиционални републикански упоришта!

Само еден ден пред американските избори на средината на мандатот, најновите анкети на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“ покажуваат значителна промена во корист на демократите во битката за контрола врз Сенатот.

Најнови вести

To top