Свет

Ирска невладина организација ја „фати“ Европската комисија дека користи ChatGPT за официјални одговори

Ирската невладина организација Ирски совет за граѓански слободи (ICCL) поднесе жалба до Европскиот омбудсман, обвинувајќи ја Европската комисија дека користи генеративна вештачка интелигенција, како ChatGPT, за изработка на официјални одговори на барања за пристап до документи, што според нив претставува кршење на сопствените интерни упатства и обврските според европските договори.

Ирската невладина организација Ирски совет за граѓански слободи (ICCL) поднесе жалба до Европскиот омбудсман, обвинувајќи ја Европската комисија дека користи генеративна вештачка интелигенција, како ChatGPT, за изработка на официјални одговори на барања за пристап до документи, што според нив претставува кршење на сопствените интерни упатства и обврските според европските договори.

ICCL тврди дека во неодамнешниот одговор од Комисијата на нивно барање за документи, метаподатоците откриваат дека барем еден од пружените линкови е генериран со ChatGPT, што се гледа од параметарот „utm_source=chatgpt.com“. Организацијата предупредува дека ваквите системи на вештачка интелигенција често даваат неточни информации, што може да ја загрози обврската на ЕУ институциите за обезбедување точни и транспарентни податоци, како и правото на граѓаните на добра администрација.

„Ова не само што ги повторува зборовите на технолошките извршни директори, туку и покажува дека Комисијата директно ја користи генеративната АИ во јавни документи“, истакнува ICCL во жалбата. Тие додаваат дека според интерните упатства на ЕК, вработените „никогаш не треба директно да го пренесуваат резултатот од генеративен модел на АИ во официјални документи“.

Канцеларијата на Европскиот омбудсман за Euractiv потврди дека ја добила жалбата и дека во моментов се проценува дали да се покрена формална истрага. Европската комисија, пак, одби да коментира, нагласувајќи дека упатствата за персоналот се интерни.

Најнови вести од: Свет

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

Ќе добие ли Берлин не-германка од турско потекло за градоначалник

Доколку Ералп стане градоначалник, таа ќе биде првата градоначалничка на Берлин со турско потекло, првата жена лидер на провинција во Германија со мигрантско потекло и првата политичарка од „Левица“ што ќе го води главниот град на Германија

Гутереш: Африка треба да добие место во Советот за безбедност на ОН

Мораме да се реформира меѓународната финансиска архитектура создадена од богатите за богатите и да ја направиме поусогласена со потребите на земјите во развој, особено во Африка“ (линк во коментар)

To top