Свет

Истече европскиот ултиматум до Путин: Што е следно?

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија да се согласат на 30-дневен прекин на огнот или да се соочат со значително поголеми санкции истече на полноќ. Русија досега не се огласи. Планот на Украина, ЕУ и САД за 30-дневно примирје беше поддржан и од Кина. Сега европските лидери се подготвени да почекаат можна средба […]

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија да се согласат на 30-дневен прекин на огнот или да се соочат со значително поголеми санкции истече на полноќ.

Русија досега не се огласи.

Планот на Украина, ЕУ и САД за 30-дневно примирје беше поддржан и од Кина.

Сега европските лидери се подготвени да почекаат можна средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин во Истанбул пред да извршат притисок врз САД да воведат нови санкции врз Москва, соопштија извори запознаени со ова прашање.

По разговорите меѓу американските и европските претставници во понеделникот, беше јасно дека американската страна сака да го олесни состанокот меѓу Русија и Украина, закажан за четврток, пред да го зголеми притисокот врз Путин.

Доколку Путин одбие да се сретне со Зеленски или ако Русија не се согласи на итен и безусловно примирје во четврток, европските лидери се подготвени да го повикаат претседателот Доналд Трамп да ја спроведе својата претходна закана и да воведе санкции врз Москва, додадоа изворите. Кремљ сè уште не објави дали Путин ќе учествува на состанокот.

Михајло Подољак, советник во кабинетот на украинскиот претседател, во емисијата „The Breakfast Show“ изјави дека Зеленски ќе се сретне во Истанбул само со рускиот претседател Владимир Путин.

На прашањето дали е можно Зеленски да се сретне со други руски претставници, Подољак одговори:

„Секако дека не“.

Најнови вести од: Свет

Излегоа нови документи за Епштајн: Трамп, Маск, Гејтс, Принцот Ендрју се само дел од гостите што престојувале на островот на Епштајн

Министерството за правда на САД синоќа објави нова, голема транша документи поврзани со Џефри Епстин, вклучувајќи повеќе од три милиони страници материјали, фотографии и записи, во согласност со Законот за транспарентност на досиејата за Епстин, потпишан од претседателот Доналд Трамп на 19 ноември 2025 година.

Зеленски најде причина за одложување на нова украинско-руска средба

„Можам да го поканам Путин во Киев; нека дојде. Го поканувам јавно, ако одлучи, се разбира. Но, ако некој не сака да се сретне, но не може директно да го каже тоа од некоја причина, тогаш овие покани до Москва се упатени“, рече Зеленски.

Трамп им ги одзема сертификатите на сите авиони произведени во Канада и се закани со нови царини

Доналд Трамп денеска објави дека ги десертифицира сите авиони произведени во Канада и се закани со царина од 50% на увозот на тие авиони во САД, сè додека американските бизнис-авиони „Галфстрим“ (Gulfstream) не добијат сертификат за летање во Канада.

To top