Свет

Историски пад на наталитетот во САД

Лани во САД имало 53,1 раѓања на 1.000 жени на возраст за раѓање, 23 отсто помалку во однос на 2007 година

Според податоците од виталната статистика објавени во април од Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), стапката на наталитет во Соединетите Американски Држави достигна ново рекордно ниско ниво.

Во 2025 година, во САД имало 53,1 раѓања на 1.000 жени на возраст за раѓање (15-44), што е за 1,3% помалку отколку во 2024 година и за 23% помалку отколку во 2007 година. Падот на стапките на наталитет го одразува влијанието на децениите општествени промени што ја поткопаа институцијата на американското семејство.

Денес, вкупниот број на раѓања годишно е далеку помал отколку во претходните периоди, кога населението на САД беше многу помало. На пример, во 1961 година, се родија 4,3 милиони деца кога населението на САД изнесуваше 184 милиони. Во 2025 година, се родија само 3,6 милиони деца низ целата земја, иако населението сега изнесува 342 милиони.

Сегашните стапки на наталитет се дури и пониски отколку за време на Големата депресија, кога раѓањата паднаа на 75,8 раѓања на 1.000 жени во 1936 година.

 

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

To top