Свет

Италија осуди десетици мафијаши на 500 години затвор

Дури 62 припадници од мафијашките Ндрангета, Камора и Коза Ностра влегуваат во затвор, уште 45 чекаат пресуда

 

 

Десетици мафијаши од трите главни организирани криминални групи во Италија се осудени за заговор за трговија со дрога, изнуда, измама и мноштво финансиски криминали во најбогатиот регион на земјата, Ломбардија.

Таканареченото „макси судење“, кое започна во мај, вклучуваше обвинети поврзани со калабриската Ндрангета, сицилијанската Коза Ностра и неаполската Камора.

Сите се обвинети за водење на она што обвинителите го нарекоа „лукративен конзорциум“ во Ломбардија.

Судот во Милано осуди 62 обвинети во брзо судење на вкупно 500 години затвор – 23 на максимум 16 години и 39 други на различни казни. Исто така, пресуди дека уште 45 лица ќе се соочат со целосни судења.

Судењето, наречено случај „Хидра“ – референца на митолошкото повеќеглаво чудовиште – е едно од најголемите во кое е вклучена италијанската мафија. Ндрангета и, во помала мера, Коза Ностра и Камора успеаја да се инфилтрираат во богатата економија на северна Италија преку поседување недвижнини, контрола на градежни проекти или инвестирање во хотели, ресторани или други бизниси со големи парични текови.

Обвинителите во Милано велат дека трите групи се согласиле да работат заедно во редок сојуз за низа кривични дела, од изнуда и трговија со дрога до перење пари и злоупотреба на даночните олеснувања „супербонус“ во Италија за енергетски ефикасни градежни работи.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

To top