Свет

Израел купува американски ловци Ф-15 за 8,5 милијарди долари

Објавувањето на договорот доаѓа по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Флорида

Американскиот производител на авиони „Боинг“ доби нарачка вредна 8,58 милијарди долари за испорака на ловци Ф-15 на Израел, објави Пентагон, цитиран од ДПА. Договорот е дел од тековната воена соработка меѓу САД и Израел.

„Договорот вклучува дизајн, имплементација, опрема, тестирање, производство и испорака на 25 од новите авиони Ф-15ИА за израелските воздухопловни сили со опција за последователна испорака на уште 25“, соопшти американското воено министерство.

Производството ќе се врши во фабриката на компанијата во Сент Луис, Мисури, а се очекува договорот да биде завршен до 31 декември 2035 година.

Објавувањето на договорот доаѓа по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Флорида.

Најнови вести од: Свет

To top