Свет

Израел започна нова голема офанзива во Појасот Газа

Израелската армија (ИДФ) синоќа соопшти дека започнала нова голема офанзива во Појасот Газа. „Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа напади од големи размери и мобилизација на трупи за да постигнат оперативна контрола во Појасот Газа“, се вели во соопштението на армијата на Икс. „Ова е дел од подготовките за проширување на операциите и исполнување на целите […]

Израелската армија (ИДФ) синоќа соопшти дека започнала нова голема офанзива во Појасот Газа. „Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа напади од големи размери и мобилизација на трупи за да постигнат оперативна контрола во Појасот Газа“, се вели во соопштението на армијата на Икс.

„Ова е дел од подготовките за проширување на операциите и исполнување на целите на војната, вклучително и ослободување заложници и разбивање на терористичката организација Хамас“, се додава во соопштението.

Израелските медиуми објавија дека проширувањето на операциите ќе започне по завршувањето на патувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во регионот на Персискиот Залив, доколку дотогаш не се постигне нов договор за Газа. Трамп оттогаш го заврши своето повеќедневно патување, а нов договор сè уште не е на повидок

Вчера, палестинската новинска агенција ВАФА објави дека најмалку 100 луѓе се убиени во северниот дел на Појасот Газа од четвртокот вечерта по повеќекратните израелски воздушни напади, додека здравствените власти контролирани од Хамас соопштија дека се убиени 93 лица, а повеќе од 200 се повредени.

Израелската влада веќе два месеци ја блокира целата помош за територијата, додека меѓународните хуманитарни организации предупредуваат на катастрофални хуманитарни услови. Според здравствените власти контролирани од Хамас, речиси 53.000 Палестинци се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната со Израел пред повеќе од една и пол година.

Војната беше предизвикана од напад на Хамас и други екстремисти врз израелските заедници во близина на Газа на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа земени како заложници.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top