Свет

Јавноста прашува зошто газдите на клубот во кој изгореа 40 лица се на слобода

Полицијата соопшти дека нема причина да се апсат во оваа фаза, бидејќи нема ризик од нивно бегство

Притисокот за разјаснување на истрагата за пожарот на новогодишната ноќ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана се зголемува откако властите соопштија дека сите 40 лица кои загинаа се идентификувани, повеќето од нив тинејџери, објави Ројтерс.

Идентификувани се телата на сите 40 лица кои загинаа, соопшти полицијата.

Жртвите биле на возраст меѓу 14 и 39 години, а 15 жртви биле помлади од 18 години. Најмладите жртви се четиринаесетгодишно девојче од Швајцарија и четиринаесетгодишно момче од Франција.

Меѓу загинатите има државјани на Швајцарија, Италија, Романија, Србија, Турција, Португалија, Франција и Белгија, како и едно лице со државјанство на Обединетото Кралство, Франција и Израел.

Покрај 40-те загинати, повредени се и 119 лица, од кои повеќето со тешки изгореници. Шестмина од повредените се во толку сериозна состојба што сè уште не е можно да се утврди нивниот идентитет.

Според обвинителите, пожарот, кој избувна во раните утрински часови на 1 јануари во подрумот на барот „Ле Констелашн“, најверојатно бил предизвикан од светкави декоративни свеќи кои го запалиле таванот и предизвикале брзо ширење на пожарот.

Швајцарските власти ги истражуваат двајцата сопственици на објектот под сомнение за кривични дела, вклучително и предизвикување смрт од небрежност. Сепак, полицијата соопшти дека нема причина да се апсат во оваа фаза, бидејќи нема ризик од нивно бегство.

Одлуката предизвика остра реакција во јавноста. Во понеделник, швајцарскиот весник „Блик“ објави наслов: „Зошто двојката што го води барот е слободна?“, поставен на фотографија од ожалостените и огромен куп цвеќе пред изгорениот објект.

Најмладите жртви на пожарот имаа само 14 години, а починатите беа од различни европски земји, вклучувајќи ги Франција и Италија. Швајцарските власти не ги открија нивните идентитети. Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини изјави на социјалните мрежи дека „во цивилизирана Швајцарија, вратите на затворот би морале да се отворат за доста луѓе“, доведувајќи во прашање безбедноста на барот, системите за итни случаи и фреквенцијата на проверките.

Друг голем швајцарски весник, „Тагес-Анцајгер“, побара одговори за проверките на возраста на посетителите, материјалите за звучна изолација што се користат во подрумот и стандардите за користење на таканаречените „фонтански свеќи“. Еден од сопствениците на барот, Жак Морети, им рече на локалните медиуми дека објектот бил проверен три пати во последните 10 години и дека „сè било направено според правилата“.

Властите во кантонот Вале соопштија дека проверуваат дали барот ги поминал задолжителните годишни градежни инспекции, додавајќи дека општината досега не пријавила никакви прекршоци или дефекти.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top