Свет

Катар: Авионот не е подарок за Трамп, туку договор со САД

Шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, премиер и министер за надвоорешни работи на Катар изјави дека Доха нема да продолжи со својата понуда за луксузен авион за американскиот претседател Доналд Трамп доколку се утврди дека договорот е нелегален, јави Си-Ен-Ен. Тој го опиша планот за трансфер на Боингот 747-8 како „договор меѓу влади“ наменет за […]

Шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, премиер и министер за надвоорешни работи на Катар изјави дека Доха нема да продолжи со својата понуда за луксузен авион за американскиот претседател Доналд Трамп доколку се утврди дека договорот е нелегален, јави Си-Ен-Ен.

Тој го опиша планот за трансфер на Боингот 747-8 како „договор меѓу влади“ наменет за потенцијална употреба како Air force One.

Ал Тани ги отфрли обвинувањата за странско влијание, велејќи дека во договорот се вклучени министерствата за одбрана на Катар и САД, а не поединци.

„Зошто би купувале влијание во Соединетите Американски Држави?“ праша тој, додавајќи дека Катар има историја на поддршка на САД за време на глобални кризи и дека оваа поддршка се заснова на меѓусебно пријателство, а не на лични услуги.

Потенцијалниот договор за авионот – за кој Трамп рече дека ќе биде дониран на неговата библиотека откако ќе ја напушти функцијата – беше критикуван и од демократите и од републиканците.

Дури и некои од самите поддржувачи на Трамп истакнаа дека Катар се чини дека тргува со влијание.

Трамп: Не сум глупав да одбијам бесплатен авион

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top