Свет

Ким Jонг Ун им оддаде почит на севернокорејските војници загинати во Украина(ВИДЕО)

Лидерот на Северна Кореја, Ким Jонг Ун, изрази длабока тага за војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната против Украина, велејќи дека „срцето му се крши“.

x.com/NorthNKAAL

Лидерот на Северна Кореја, Ким Jонг Ун, изрази длабока тага за војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната против Украина, велејќи дека „срцето му се крши“. Ова е ретко јавно признание за воените загуби на Пјонгјанг, објави државната телевизија КЦНА.

За време на церемонија во Пјонгјанг, Ким се сретна со командантите на единица која учествуваше во борбите во регионот Курск во западна Русија. Тој ги пофали како „херојска армија“ и беше фотографиран како им закачува медали на униформите.

Ким, исто така, беше виден како клекнува пред портрет на загинат војник, положувајќи медали и цвеќе пред слики на паднатите борци во знак на почит.

https://x.com/NorthNKAAL/status/1958678729028510136

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top