Свет

Ким Јонг Ун со воз се упати кон Пекинг за да присуствува на воената парада

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, денеска отпатува со воз за Пекинг, каде што ќе присуствува на кинеската воена парада. Ова е првпат Ким да учествува на голем мултилатерален дипломатски настан.

apnews.com

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, денеска отпатува со воз за Пекинг, каде што ќе присуствува на кинеската воена парада. Ова е првпат Ким да учествува на голем мултилатерален дипломатски настан.

Се очекува Ким да пристигне во Пекинг утре, а на 3 септември да присуствува на воената парада, организирана во чест на формалното предавање на Јапонија во Втората светска војна.

За време на престојот во Пекинг, се предвидува Ким да оствари средби со кинескиот претседател Си Џинпинг, како и со рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така ќе биде присутен на парадата.

Поразот на империјална Јапонија во 1945 година и доаѓањето на комунистите на власт во Кина во 1949 година беа пресвртни моменти што доведоа до Корејската војна (1950-1953). Оваа војна резултираше со поделба на Корејскиот Полуостров на комунистички север, поддржан од Кина, и капиталистички југ, поддржан од Соединетите Американски Држави.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top