Свет

“Ќерка на Македонија” е една од најбогатите жени во светот

Според Блумберг, таа е една од седумте најбогати жени во светот

Мариeн Илич, најбогатата Македонка во Детроит, на 92-годишна возраст ја доби наградата „Ќерка на Македонија“ на гала вечерта по повод 20-годишниот јубилеј на Обединетата македонска дијаспора – ОМД, што се одржа во Детроит, на која присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска–Давкова.

„Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, но често имаме забавни случки со нашите деца бидејќи не го знаат македонскиот јазик и многу често ме прашуваат како се кажува ова, како се кажува она и јас им одговарам. Јас сум горда што сум Македонка, навистина сум горда…ние сме добри луѓе“ – рече Илич на доделувањето на наградата.

Таа истакна дека има прекрасен живот и на присутните Македонци, кои по повод јубилејот на ОМД и присуството на македонската делегација предводена од претседателката Сиљановска – Давкова пристигнаа од различни делови на Америка, им порача дека треба да бидат со крената глава.

„Сите вие овде, секој еден од вас, треба да сте среќни за вашите семејства, да бидете со крената глава. Многу не знаат каде е Македонија. Мајка ми е од Буф, татко ми е од Битола, сум била кај моите баби и дедовци, таму е прекрасно“, истакна Илич, додавајќи дека нејзините деца сакаат годинава повторно да ја посетат нашата држава.

Како што јави МИА, таа ја сподели приказната за нејзините родители, како се случила нивната венчавка во Америка и дека од нив го научила македонскиот јазик.

„На времето мајка ми требало да се венча за друг, но кога го разбрал тоа татко ми, веднаш дошол во Мичиген и успеал да ја спречи венчавката, а потоа се оженил со неа“, рече Илич.

Мариeн Бајоф Илич, родена во Мичиген, САД, е македонско-американска стопанственичка, која заедно со својот сопруг Мајк Илич е основач на популарниот американски мултинационален синџир на пицерии „Литл Цезарс Пица“ со 4.000 ресторани за брза храна низ целиот свет.

Осврнувајќи се на бизнисот со сопругот, таа на шега рече дека единственото нешто што не им текнало е да го прошират и кај нас.

„Ќе треба да ја однесам екипата на мојот сопруг во Македонија за да ги донесеме ‘Цезар пиците’ таму“,  рече Илич.

 

Најнови вести од: Свет

Цената на златото и среброто во слободен пад, на што се должи тоа?!

Цената на златото вчера се намали за 2 проценти и достигна околу 4.570 долари за унца, со што е на пат да го достигне најголемиот неделен пад од 1983 година. Ова се случи откако ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми цените на енергијата нагло и ги поткопа надежите за краткорочно намалување на каматните стапки, објави Трејдинг економикс.

Техеран вели дека џабе се олабавени санкции од САД

Аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец, клучен канал за околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, останува затворен. Бесант рече дека привременото укинување на санкциите треба да помогне во ублажување на порастот на цените на нафтата, кои скокнаа за околу 50 проценти на над 100 долари за барел, највисоко од 2022 година, додека САД се подготвуваат за среднорочните избори во ноември.

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Авиокомпанијата кажа дека ги поскапува летовите

Компанијата, како и неколку европски компании, ги суспендираа летовите до погодените региони до крајот на април, меѓу кои се Ербил и Багдад (Ирак), Тел Авив (Израел), Бејрут (Либан), Ријад и Џеда (Саудиска Арабија) и Абу Даби и Дубаи (ОАЕ).

Благ пад на ценaта на нафтата, на што се должи тоа?!

Војната со Иран, која влегува во третата недела, ги зголеми цените на енергијата и ги зголеми стравувањата од глобална инфлација. Загриженоста за снабдувањето со нафта и гас, исто така, расте, со оглед на тоа што Ормутскиот теснец, клучен воден пат за снабдување со енергија меѓу Иран и Оман, е во голема мера затворен.

To top