Свет

Кос: Македонија да го искористи моментот на проширување на ЕУ

Пристапувањето кон ЕУ е клучен двигател за спроведување на најважните реформи, па затоа е важно Македонија да продолжи да напредува во пристапниот процес

Фото Европска комисија

 

„Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ и да го искористи моментумот на проширување што очигледно, постои. Ние продолжуваме да ја поддржуваме С* Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, изјави синоќа еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година за кој тгреба да се гласа денеска, пренесе МИА 

Таа нагласи дека со овој Извештај ЕУ дава јасна порака за поддршка на европскиот пат на земјата, но ги наведува и условите кои се потребни за таа да се придвижи напред.

„За време на моите разговори со лидерите на С. Македонија во Скопје, минатата недела, ја истакнав нашата посветеност како ЕУ да ја поттикнеме земјата да продолжи напред во процесот на пристапување. Исто така, во неколку наврати, потсетив на потребните чекори што треба да се преземат за да се отворат пристапните преговорите за кластерот „Основани вредности“.

Единствен начин за тоа е да се усвојат уставните амандмани, рече Кос.

Таа потсети дека земјава до Европската комисија веќе доставила ажурирани патокази за владеењето на правото и за реформа на јавната администрација, дека продолжува да работи на акцискиот план за заштита на малцинствата, како и дека зазела проактивен пристап во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, со што беше првата држава од регионот на која и беше исплатено претфинансирање во рамките на Реформската агенда.

„Овие напори не треба да запрат тука, бидејќи спроведувањето на реформите е од суштинско значењ“е, истакна еврокомесарката.

Таа нагласи и дека земјава останува посветена на целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, со што ги потврдува нејзините конзистентни и долгорочни европски аспирации.

„Извештајот за С*Македонија дава сеопфатна и избалансирана проценка на ситуацијата во земјата, вклучително и во клучните области, како што е владеењето на правото. С* Македонија треба да ги засили реформите, особено во областа на прашањата за основните права и треба дополнително да го зајакне владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и да ја реформира јавната администрација, рече Кос.

Таа воедно упати и благодарност до Европскиот парламент за, како што рече, неговиот постојан ангажман во зајакнувањето на демократските процеси во земјава и неговата клучна улога во охрабрувањето на сите политички сили конструктивно да работат заедно на унапредување на нејзиниот пристапен пат.

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

To top