Свет

Косопственикот на барот на смртта во Кран-Монтана пуштен на слобода!

Судот прифати кауција од 215.000 евра за Морети, кој не смее да ја напушта Швајцарија и мора секој ден да се пријавува во полиција

Косопственикот на барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, Жак Морети, кој беше приведен за време на истрагата за пожарот во објектот во кој загинаа 40 лица за време на новогодишната прослава на 1 јануари, е ослободен со кауција, соопшти денеска судот во Вале.

Морети беше во притвор од 9 јануари, а судот за присилни мерки ја потврди неговата тримесечна затворска казна три дена подоцна, но адвокатите на одбраната поднесоа барање за ослободување на Морети во замена за неколку услови, вклучително и плаќање кауција од околу 215.000 евра, објавува „Ле Фигаро“.

Судот во соопштението наведува дека на Жак Морети му е „забрането да ја напушти швајцарската територија“, дека е ослободен под услов „да ги предаде сите лични документи“ и дека е „обврзан да се јавува во полициската станица секој ден“.

Адвокатите на семејствата на жртвите, кои беа многу критични кон начинот на кој швајцарските кантонални власти досега го водеа случајот, изјавија дека одлуката за ослободување на Жак Морети била „неочекувана“ и „зачудувачка“, пишува „Фигаро“.

„Ова е неочекувано и особено зачудувачко за мојот клиент и за семејствата на жртвите. Поминаа едвај три недели од трагедијата. Истрагата тукушто започнува“, изјави адвокатот Кристоф де Галамберт за „Фигаро“.

Пожарот во барот во Кран-Монтана, за кој првично беше утврдено дека е предизвикан од распрскувачи на шишиња шампањ што келнерите ги носеа високо над главите, уби 40 лица, а повреди 116.

Најнови вести од: Свет

Рубио за заканите од Иран: Тие се луди религиозни фанатици – Трамп ќе им го спречи сценариото за Хормускиот теснец!

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Хормускиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

Над 50.000 американски војници на Блискиот Исток

Воени експерти предупредуваат дека дури и 50.000 војници, од кои голем дел се на море, е премал број за каква било голема копнена операција. За споредба, Израел распореди повеќе од 300.000 војници во своите операции во Појасот Газа

To top