Свет

Курд по татко, Иранец по мајка: Галибаф е новиот „американски избор“ за Техеран?

Сепак, Вашингтон сè уште не сака да се обврзе само на едно лице. Тие во моментов „тестираат“ неколку кандидати во потрага по некој што е подготвен да склучи договор.

Американската администрација предводена од претседателот Доналд Трамп дискретно го оценува претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф (64), како потенцијален партнер, а дури и како можно идно лице кое би можело да го предводи Иран по завршувањето на тековниот конфликт.

Според информации на Politico, Белата куќа го смета Галибаф за „прифатлив партнер“ со кој би можело да се преговара во следната, помирна фаза од кризата. Двајца претставници на администрацијата изјавиле дека Галибаф е „многу ветувачка опција“, бидејќи е еден од највисоко позиционираните функционери во иранскиот систем, а истовремено се смета за прагматичен и способен за договор.

Сепак, Вашингтон засега не се обврзува само на една личност. Американските претставници велат дека во моментов „тестираат“ неколку кандидати во потрага по некој кој е подготвен да склучи договор и да ја стабилизира ситуацијата во земјата.

„Тој е еден од највисоко позиционираните, но ние мора да ги тестираме. Не можеме да брзаме“, изјавил еден од високите претставници.

Галибаф е Курд по татко и Иранец по мајка. Иран е втората земја во светот по Турција со најголемо курдско малцинство (проценките се движат од 8 до 12 милиони Курди). Оваа етничка позадина, според некои аналитичари, би можела да му даде одредена поддршка или барем неутралност кај дел од курдското население во случај на транзиција.

Оваа информација доаѓа во момент кога Трамп најави петдневна пауза од воени напади врз иранските енергетски постројки, со цел да се отвори простор за можни дипломатски преговори. Откако американските и израелските операции го десеткуваа врвното раководство на Иран, Вашингтон активно бара излез од „иранското мочуриште“ кое значително ги зголеми цените на нафтата и ги тресе глобалните пазари.

Најнови вести од: Свет

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

To top