Свет

Лавров: НАТО може да се распадне

Вели дека НАТО би можел да се распадне поради 5% зголемените трошоци за одбрана, а Русија ги зголеми трошоците за одбрана за една четвртина оваа година, на 6,4 проценти од БДП

 

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, изјави дека Москва планира да ги намали трошоците за одбрана и верува дека одлуката на НАТО да ги зголеми трошоците на крајот би можела да доведе до негов колапс.

Лидерите на НАТО на самитот во Хаг во среда поддржаа зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП до 2035 година, како што побара американскиот претседател Доналд Трамп, и рекоа дека се решени да се бранат едни со други од заканата од Русија.

Замолен да коментира за изјавата на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, кој тврдеше дека трката во вооружување меѓу Русија и Западот би можела да доведе до пад на рускиот претседател Владимир Путин, Лавров рече дека смета дека НАТО би можел да се распадне поради зголемените трошоци за одбрана.

„Бидејќи е таков прогнозер, веројатно гледа дека катастрофалното зголемување на буџетот на земјите-членки на НАТО, според мене, ќе доведе и до колапс на организацијата“, рече Лавров.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека Русија размислува за намалување на трошоците за одбрана почнувајќи од следната година.

Русија ги зголеми трошоците за одбрана за една четвртина оваа година, на 6,4 проценти од БДП, што е највисоко ниво од Студената војна.

Најнови вести од: Свет

Орбан до Зеленски: 4 години сакате да нè вовлечете во војната меѓу Украина и Русија

Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“, му порача Орбан на украинскиот претседател

Стапија на сила глобалните царини на Доналд Трамп

Новите глобални царини на Доналд Трамп од 10% стапија во сила денеска, но со помала стапка од најавеното. Откако Врховниот суд во петокот блокираше повеќето од неговите царини, Трамп објави дека ќе воведе нова глобална царина од 10%, за потоа да ја зголеми на 15%. Сепак, според официјалните документи, царините се утврдени по пониска стапка, без издадена наредба за нејзино зголемување.

To top