Свет

Лавров: САД да не си играат со оган со нов удар врз Иран

Секој нов американски удар врз Иран ќе има сериозни последици, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, цитиран од Ројтерс

facebook.com/MIDRussia

 

 

Тој повика на воздржаност со цел да се најде решение што ќе му овозможи на Иран да развие мирна нуклеарна програма.

Лавров ја даде својата изјава еден ден откако американските и иранските преговарачи одржаа индиректни разговори во Женева за да спречат нова ескалација на кризата меѓу Вашингтон и Техеран.

„Последиците нема да се добри. Веќе имаше напади врз Иран врз нуклеарните постројки под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија. Според она што можеме да процениме, имаше реални ризици од нуклеарен инцидент“, нагласи тој.

„Внимателно ги следам реакциите во регионот од арапските земји, монархиите од Персискиот Залив. Никој не сака зголемување на тензиите. Сите разбираат дека ова е играње со оган“, додаде Лавров.

Најнови вести од: Свет

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top