Свет

Лидерска средба на НАТО во Анкара со фокус на европската одбрана

Европа да ја преземе водечката улога во одбраната

Лидерите на земјите-членки на НАТО утре и задутре ќе се состанат во Анкара, каде што ќе разговараат за иднината на Алијансата, со посебен акцент на поголемата улога на европските сојузници во одбраната на континентот.

Според дипломатски извори, состанокот на шефовите на држави и влади ќе биде пократок во однос на претходните самити.

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, неодамна порача дека целта е НАТО да стане „поизбалансиран сојуз“, во кој Европа ќе ја преземе водечката улога во конвенционалната одбрана, додека САД ќе продолжат да обезбедуваат нуклеарно одвраќање и стратешка разузнавачка поддршка.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, истакна дека е време преземените обврски да се претворат во конкретни резултати преку зголемени инвестиции во одбраната, зголемено воено производство и континуирана поддршка за Украина.

Една од клучните теми на самитот ќе биде исполнувањето на договорот од претходниот самит во Хаг, според кој речиси сите земји-членки се обврзаа до 2035 година да издвојуваат 5 отсто од БДП за одбранбени потреби, од кои 3,5 отсто за директни воени трошоци и 1,5 отсто за поврзани активности.

Американскиот амбасадор во НАТО, Мет Витакер, оцени дека Полска, скандинавските земји, балтичките држави и Германија веќе предничат, додека некои други членки заостануваат. Се очекува Албанија, Чешка и Словенија годинава да останат под целта од 2 отсто од БДП, поради што ќе бидат под дополнителен притисок.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top