Свет

Лула: Не е избран Трамп да биде „цар на светот!

За воведувањето царина од 50 % врз Бразил поради гонењето на поранешниот претседател Жаир Болсонаро

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави вчера дека неговиот американски колега Доналд Трамп не е избран за „цар на светот“, туку за претседател на Соединетите Американски Држави.

Во интервју за Кристијан Аманпур од Си-Ен-Ен, Лула го критикуваше Трамп за воведување царина од 50 проценти врз Бразил поради неговото гонење на поранешниот претседател Жаир Болсонаро за наводен заговор за државен удар.

„Судството во Бразил е независно. Претседателот на републиката нема никакво влијание“, објасни Лула, додавајќи дека Болсонаро „не е лично суден туку дека е суден за дејствија во кои „се обидел да организира државен удар“.

Бразилскиот претседател, исто така, истакна дека прво мислел дека објавите на Трамп за царините и „ловот на вештерки“ против Болсонаро се „лажни вести“, додавајќи дека веста е „многу непријатна“.

Тој нагласи дека Бразил „нема да прифати ништо што му е наметнато“ и ќе бара преговори.

Најнови вести од: Свет

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top