Свет

Макрон: Ќе ѝ дадеме ракети на Украина

Францускиот претседател вели дека нови ракети ќе бидат доставени во Украина и дека во наредните недели ќе биде обезбедена дополнителна обука

 

„Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина, капацитетите за воздушна одбрана, капацитетите за удар со долг дострел, беспилотните летала и системите против беспилотните летала“, изјави синоќа францускиот претседател во видеоврска од Париз од каде се вклучи на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, што се одржува во Лондон.

Како што кажа, нови ракети ќе бидат доставени во Украина и дека во наредните недели ќе биде обезбедена дополнителна обука.

Дополнително, Макрон додаде дека најновите 19. санкции на ЕУ треба да влијаат на финансирањето на руските воени напори.

Тој рече дека „Коалицијата на подготвените“ дефинирала стратегија за поддршка на идната безбедност на Украина, за да може да се одбрани од евентуален иден напад.

Макрон повтори дека постојат планови за распоредување мултинационални сили во Украина откако ќе завршат борбите. Според него, овие сили ќе помогнат во обезбедувањето на небото и морињата на Украина и во обновата на нејзините вооружени сили.

Макрон нагласи дека овие сили ќе имаат поддршка и придонес од 25 земји учеснички.

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top