Свет

Медведев го предупредува Трамп: „Томахавки“ во Украина би завршиле катастрофално

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, остро реагираше на неодамнешните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп за потенцијалното испраќање на крстосувачки ракети „Томахавк“ кон Украина

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, остро реагираше на неодамнешните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп за потенцијалното испраќање на крстосувачки ракети „Томахавк“ кон Украина. Во објава на платформата Телеграм, Медведев истакна дека ваков чекор би можел да предизвика тешки последици за сите вклучени страни.

„Трамп рече дека ако рускиот претседател не го реши украинскиот конфликт, „тоа ќе заврши лошо за него“.“ Накратко, тој се заканува по стоти пат, напиша Медведев. Тој продолжи дека испораката на американски „Томахавк“ во Украина „би можела да заврши лошо за сите, а пред сè за самиот Трамп“.

„Сто пати е кажано, дури и за оние во пругасти униформи, дека е невозможно да се разликува нуклеарен „Томахавк“ од конвенционален во лет. Ако не бидат испукани од Киев, туку од САД, поточно – Трамп – како треба да одговори Русија? Точно така“, напиша Медведев, индиректно навестувајќи ризик од нуклеарна ескалација.

Медведев го заокружи текстот со саркастичен тон: „Се надеваме дека ова е само уште една празна закана, како приказната за испраќање нуклеарни подморници поблиску до Русија. Но, знаете како оди – подморницата веќе се појави во степите на Украина.“

Од американска страна, претседателот Трамп синоќа, во разговор со новинарите од борда на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, не ја исклучи опцијата за испорака на „Томахавк“ ракети во Украина. Тој најави дека ќе разговара за ова со претставници од Москва, опишувајќи го оружјето како „неверојатно, многу моќно оружје“ кое „на Русија не ѝ е потребно“. Трамп додаде дека веќе обсудил вакви можности со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во изминатиот период, Зеленски постојано апелираше до САД за добивање на овие ракети, кои поседуваат дострел од приближно 2.500 километри. Со нив, Украина би можела да ги погоди клучни руски објекти, како воени аеродроми и рафинерии, длабоко во руска територија, надвор од тековното бојно поле.

Зеленски претходно појасни дека би ги користел „Томахавк“ исклучиво против воени цели, без да ги засегне цивилите. „Никогаш не сме ги нападнале нивните цивили. Тоа е голема разлика помеѓу Украина и Русија“, изјави тој за Фокс њуз.

Оваа размена на пораки доаѓа во време на зголемени тензии, каде што Москва веќе изрази загриженост дека ваков потег би претставувал „ново ниво на ескалација“, додека Киев гледа во него шанса за стратешко подобрување на својата позиција.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

To top