Свет

Мелони: „Јас можам да се одбранам, многу други не можат“

„Deepfake е опасна алатка бидејќи може да измами, манипулира и таргетира секого, објави италијанската премиерка на Фејсбук

 

Италијанската премиерка Џорџија Мелони го осуди ширењето на длабоки лажни слики генерирани од вештачка интелигенција, вклучително и една на која е прикажана во долна облека, откако почнаа масовно да се споделуваат онлајн.
Мелони проговори на Фејсбук откако сликата стана вирална и предизвика осуда од корисниците кои веруваа дека е вистинска, објави The Guardian.

„Во последните денови, циркулираа неколку лажни фотографии од мене, генерирани од вештачка интелигенција, кои некои претерано ревносни противници ги претставија како вистински“, напиша Мелони на Фејсбук во вторник.

„Морам да признаам, кој и да ги создал… дури и ме направил да изгледам убаво“, се пошегува таа. „Но, фактот останува дека луѓето сега се подготвени да користат апсолутно сè за да нападнат и шират лаги“.

Во својата објава, таа сподели и контроверзна слика на која наводно е прикажана во долна облека додека седи на кревет – дело кое стана вирално и предизвика бран осуди од корисниците кои веруваа дека е автентично.
„Навистина е срамно што премиерката се претставува во таква состојба. Тоа е недостојно за институционалната улога што ја има. Воопшто нема срам“, напиша еден корисник.

Во својата изјава, Мелони го осуди таквото однесување како форма на онлајн злоупотреба, предупредувајќи дека сликите генерирани од вештачка интелигенција се сè поопасна алатка за заведување и повредување на поединци.

„Ова прашање оди подалеку од мене“, додаде таа. „Deepfake е опасна алатка бидејќи може да измами, манипулира и таргетира секого. Јас можам да се одбранам. Многу други не можат. Затоа секогаш треба да важи едно правило: проверете пред да верувате и размислете пред да споделите. Бидејќи денес ми се случува мене, утре може да му се случи на секого.“

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top