Свет

Мерц: Европа „не е во војна, но веќе не е ни во мир“ со Русија

Војната на Русија е „војна против нашата демократија и војна против нашата слобода“, вели германсскиот канцелар

 

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во понеделник дека Европа „не е во војна, но повеќе не е во мир“ со Русија,

„Дозволете ми да го кажам тоа во реченица што може да биде малку шокантна на прв поглед: ние не сме во војна, но повеќе не сме во мир“, изјави германскиот канцелар на  настан во Дизелдорф, објави Ројтерс..

Војната на Русија е „војна против нашата демократија и војна против нашата слобода“, рече Мерц, додавајќи дека намерата на Москва е да го поткопа единството во блокот.

Исто така, го наведе своето неодамнешно одобрување на планот на Европската унија (ЕУ) за отклучување на замрзнатите руски средства за финансирање на воените напори на Украина.

Овој потег би можел да обезбеди воена поддршка на Украина за период од три до пет години.

Мерц рече дека во тој период би можело да стане економски неодржливо за Русија да ја продолжи својата војна против Украина.

ЕУ има намера да ѝ испрати на Украина до 200 милијарди евра руски пари што се чуваат во белгиски депозитар и да ги замени за обврзници поддржани од ЕУ.

Досега, ЕУ собрала само камата генерирана од руски средства што беа замрзнати од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Германија, најголемата економија во ЕУ и втор најголем воен поддржувач на Украина, претходно изрази правни загрижености во врска со какви било предлози за целосно запленување на средствата…

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top