Свет

Мицкоски на економскиот форум во Давос

Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација,  ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.

Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.

Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.

На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.

За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.

Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top