Свет

„Можам да ја уништам која било земја, но не можам да воведам царини?!“: Трамп за пресудата на Врховниот суд

Американскиот претседател „длабоко разочаран“ од одлуката на Судот, но најави нови универзални царини од 10 проценти

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување универзална тарифа од 10 проценти на веќе постоечките царини по одлуката на Врховниот суд на САД да ја поништи неговата одлука што ја разниша светската економија минатата година.

„Можам да правам што сакам, можам да ја уништам која било земја, но не можам да воведувам царини?!“, праша Трамп по пресудата на Врховниот суд.

Кратко по пресудата, претседателот вети дека ќе најде други начини за повторно воведување на царинските мерки.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша одлуката на Врховниот суд на САД да ги прогласи неговите сеопфатни глобални тарифи за нелегални како „длабоко разочарувачка“ и најави воведување нови универзални тарифи од 10%.

Трамп остро го критикуваше судот и рече дека е „апсолутно засрамен“ од „одредени членови“ кои гласаа против клучен елемент од неговата економска политика.

Во изјавите за новинарите тој отиде подалеку, обвинувајќи ја институцијата за надворешно влијание: „Според мое мислење, судот беше под влијание на странски интереси“.

Кратко по пресудата, претседателот вети дека ќе најде други начини за повторно воведување на царинските мерки.

„Сега ќе се користат други алтернативи за да се заменат оние што судот погрешно ги отфрли“, рече тој за време на прес-конференцијата, нагласувајќи дека новите пристапи би можеле да донесат уште повеќе приходи.

Трамп додаде дека и покрај ударот на судот, се чувствува „посилен“ и кратко потоа најави воведување на нова глобална тарифа од 10 отсто што ќе влијае на широк спектар на увезена стока.

Одлуката на Врховниот суд е сериозен удар врз една од водечките економски политики на претседателот, но Белата куќа сигнализира дека трговскиот притисок врз американските партнери ќе продолжи во друга форма.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top