Свет

Над 94 загинати во пожарот во Хонг Конг

Полицијата уапси тројца вработени во градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност

Властите во Хонг Конг очекуваат да ги завршат операциите за пребарување и спасување денеска, откако во најлошиот пожар во градот за речиси 80 години во станбен комплекс загинаа најмалку 94 лица, а десетици други сè уште се водат како исчезнати, објави Ројтерс.

Полицијата уапси тројца вработени во градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност, поради употреба на опасни материјали, вклучувајќи запаливи панели од пена за блокирање на прозорците.

Во раните утрински часови во четврток, 279 лица беа пријавени како исчезнати, но тој број не е ажуриран повеќе од 24 часа.

Бројот на жртви во пожарот во Хонг Конг се искачи на дури 75 души

 

 

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top