Свет

Најмалку 10 мртви, многу повредени во експлозија во познат скијачки центар

Полицијата потврди дека експлозијата се случила додека во барот стотина гости славеле Нова година

Најмалку 10 лица загинаа, а десетина други се повредени во експлозија и пожар во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана во текот на ноќта, потврди полицијата.

Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во бар „Ле Констелашн“, а причината сè уште не е позната, јавува Би-Би-Си.

Во изјава за медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила додека во барот се славела Новата година.

Полицијата на краток утрински брифинг соопшти дека службите за итни случаи се сè уште на местото на настанот и дека е во тек голема спасувачка операција.

Голем број полициски, противпожарни и спасувачки екипи се испратени на местото на настанот, пружајќи помош на многуте луѓе погодени од инцидентот.

Областа останува целосно опколена и затворена за јавноста, а над скијачкиот центар Кран-Монтана е воведена зона за забранети летови.

Швајцарската полиција изјави за „Скај њуз“ дека во експлозија во бар во скијачкиот центар загинале најмалку 10 лица, а уште 10 се повредени.

Полицијата, исто така, потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад.

Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има многу повредени и многу мртви.

Најнови вести од: Свет

Порака до 100.000 британски ветерани:  „Подгответе се за војна“

Министерот за одбрана, Вес Стритинг, претходно предупреди дека Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, заедно со своите партнери, мора „да биде подготвена да се бори и да победи“

Трамп најави нови царини за ЕУ плус 13 земји

Предложените царински стапки вклучуваат: Кина – 20% (со можност да се зголемат до 40%); Виетнам – до 35%; Индија – до 25%; Тајван – до 25%; Јужна Кореја – до 25%; Индонезија – до 25%; Малезија – до 25%; Тајланд – до 25%; Камбоџа – до 25%; и Европската Унија – до 20%.

To top