Свет

Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД – некои починале од измрзнување

Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа – соопштија локалните власти. Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.

Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД – јавија денеска американските медиуми.

Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува „Еј-би-си“. Во соопштението се наведува дека санката на која се возело девојчето прво удрила во тротоар, а потоа и во дрво. Во сојузната држава Пенсилванија, три лица загинале додека чистеле снег, соопштија локалните власти, додавајќи дека жртвите се на возраст од 60 до 84 години. Тие ги потсетија жителите да бидат внимателни при чистење снег, особено луѓето со историја на срцеви заболувања или други медицински проблеми.

Градоначалникот на Њујорк соопшти дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег. Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за „Еј-би-си“.

Најнови вести од: Свет

Иран го отфрла предложениот план за прекин на огнот

Иран го достави својот одговор на предлогот на САД за прекин на војната преку Пакистан, во кој го отфрли предложеното привремено примирје од медијаторите и ја нагласи потребата од трајно прекинување на непријателствата

Нафтата брент надмина 109 долари за барел, европските берзи под клуч

Според податоците од енергетскиот пазар, цената на суровата нафта падна за 0,48 проценти на 111,083 долари за барел во 9:30 часот наутро, а цената на нафтата брент се зголеми за 0,55 проценти на 109,608 долари. Активноста на берзата Форекс беше ограничена, а вредноста на еврото во однос на доларот се зголеми за 0,13 проценти на 1,15316 поени.

Украинка (27) во Атина паднала од 4 кат на балконот од 3 кат, се вратила дома и паднала од друга тераса овојпат на паркинг!

Грчката полиција истражува необичен случај кога жена два пати падна од балкон на зграда во Маруси, предградие на Атина. Дваесет и седумгодишната жена од Украина е пренесена во болница со сериозни повреди и е во критична состојба по операцијата. Нејзиниот 29-годишен сопруг, по потекло од Русија, веднаш е уапсен, поради сомнеж за семејно насилство. Настанот се случи во неделата вечерта.

To top